Атина потврди дека двајца од напаѓачите во Париз поминале низ Грција
Грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Тоскас потврди дека двајца од терористите вклучени во нападите во Париз поминале од островот Лерос во октомври, но предупреди приливот на бегалците да не се поврзува со тероризмот.
- Имаше два инциденти за кои соработувавме со француските власти, и кои се идентификувани во рекордно време. Тие поминале преку Лерос во почетокот на октомври и учествувале во терористичките напади во Париз, изјави Тоскас за радиото „ Реал ФМ“ коментирајќи ги информациите дека некои од терористите што ги извршија нападите во Париз поминале низ Грција.
- Французите побараа информации, а ние им дадовме, бидејќи има добра идентификација во Лерос и ја потврдивме таа информација. Но, ние зборуваме за два случаи меѓу 500.000 луѓе кои пристигнаа од почетокот на оваа година, додаде грчкиот функционер.
На новинарско прашање дали Грција има преземено зголемени безбедносни мерки по нападите, Тоскас рече дека идентификација на островите е потемелна и оти е зголемена безбедноста, меѓу другото, околу области и објекти кои масовно се посетуваат, амбасадите на одредени земји и некои компании.
- Имаме преземено засилени мерки во центрите за идентификација на островите каде се спроведуваат повеќе проверки и се обидуваме да ги подобриме. Секогаш има простор за подобрување, рече Тоскас и доаде дека има и соработка со други земји.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.