Атина очекува технички договор со кредиторите до 20 март
Наспроти постоечките разлики со меѓународните кредитори, грчките власти се оптимисти дека двете страни ќе постигнат технички договор најдоцна до 20 март, јави АНА-МПА.
Агенцијата повикувајќи се на извори во грчката Влада наведува дека во досегашниот тек од преговорите бил надминат проблемот со фискалниот дел и дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дал гаранции дека нема да се појави „дупка“ во буџетот на Грција за 2018 година.
Истиот извор додал дека сега преговорите се насочени кон мерките што треба да ги преземе Владата, како и за прашања поврзани со реформи на пазарот на трудот.
Според него, со техничкиот договор што Атина очекува да биде поситгнат до 20 март, нема да бидат превдидени мерки што грчката Влада би требало да ги спроведе во текот на 2019 година.
Меѓународните кредитори од 2010 година, па досега, на Грција и одборија три пакети помош. Последниот пакет, одобрен во јули 2015 година, предвидува на Грција да и бидат исплатени позајмици во износ од 86 милијарди евра. Од оваа сума досега на Атина и се префрлени 31,7 милијарди евра.
Во замена грчката Влада се обврза да ги зголеми даноците и да ги намали пензиите и платите на вработените во државниот сектор.
Атина сега се обидува да постигне технички договор за исплата на нова транша од помошта, без при тоа да мора да спроведува дополнителни мерки на штедење.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани