Атина очекува до 7 април да постигне договор со кредиторите
Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос во грчкиот Парламент изјави дека е можно Атина да постигне конечна спогодба со кредиторите и дека тоа може да се случи до 7 април, објави весникот „Вима“.
- Се надевам дека тоа ќе биде договор, следена од тешкотии, но и со позитични изненадувања, рече Цакалотос.
Тој појасни дека најдобрата варијанта за Грција е таквата спогодба да биде постигната уште на 20 март, на средбата на Еврогрупата.
Цакалотос изјави дека целосното решение на сите проблеми нема да може да се најде, изразувајќи стравување дека дотогаш недоговорен ќе остане само најболниот проблем, оној за реформи на пазарот на трудот.
- Наша цел е да договориме колку што е можно повеќе теми, така што на 20 март за нив да има целосно решение, рече министерот и додаде дека потоа Владата ќе го разгледа и договарот за буџетскиот суфицит и за грчкиот долг.
Владата во Атина првично се надеваше дека спогодбата со кредиторите е можно да се постигне до 20 март. Сега очекувањата се тоа да се случи до 7 април. Пред една недела преговарачките тимови на кредиторите отпатуваа од Атина, откако не успеаја да ги приближат разликите со грчката Влада.
Весникот „Нафтемборики“ пишува дека кредиторите побарале гаранции за повторно да се вратат и да ги продолжат преговорите, кои сега се водат преку телеконференциски врски.
- Средбата на Еврогрупата, планирана за 20 март, конечно е загубена за завршување на ревизијата на грчката програма. Во најдобар случај на неа може да се одлучи институциите повторно да се вратат во Атина, но само доколку дотогаш се постигне суштествен напредок и Владата ги обезбеди гаранциите за тоа, посочува весникот.
Авторот на текстот не го дели оптимизмот на министерот за финансии и смета дека дури и на 7 април Владата нема да може да постигне целосен договор, што ќе го вклучува и проблемот со неодржливиот долг на земјата.
Грција од меѓународните кредитори од 2010 година, па досега, доби три спасувачки пакета. Последната спогодба за кредит во вкупен износ од 86 милијарди евра беше договорена во јули 2015 година. Од ова сума досега се исплатени 31,7 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Облачно со повремен дожд и грмежи
-
Стигнаа 10.530 вакцини на Фајзер во земјава, купени со директни преговори со производителот
-
Филипче: Семејството на Верица ќе добие целосна поддршка за решавање на проблемот со вработување
-
Од срцев удар почина Митко Аврамоски, татко на еден од загинатите во несреќата кај Ласкарци
-
СЗО ја продолжува светската здравствена вонредна состојба
-
Мицкоски на средба со Паун: Власта потфрли во справувањето со пандемијата
-
Вакцината Астра Зенека нема да се дава на жени под 60-годишна возраст во Бугарија
-
Ефикасноста на Спутник В е 97,6 отсто меѓу 3,8 милиони вакцинирани Руси