Атина: Меѓународната улога на Грција е надградена
Средбите на грчкиот премиер Алексис Ципрас со високи функционери од целиот свет на маргините на Самитот на НАТО во Варшава покажуваат дека меѓународната улога на Грција е надградена и докажуваат дека е столб на стабилноста во регионот и пошироко, соопштија грчки владини извори.
Ципрас во Варшава се сретна со американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот премиер Кси Џинпинг, а дел од истата политика се и посетите на премиерите на Турција, Египет, Израел, Палестина и Иран, додаваат изворите.
Односите на пријателство и соработка изградени од страна на Грција со серија земји, придонесува за создавање на столб на мирот и стабилноста, кој е особено потребен во време на интензивирање на регионалните тензии и конфликти. Премиерот ја спореди Грција со „дрво кое ги има своите корени на Запад, но ги шири своите гранки кон Исток, Југ и Север“.
Според истите извори, како што јави дописникот на МИА од Атина, надградена регионална улога на земјата е експлицитно призната во заедничката изјава по официјални средби со рускиот и кинескиот лидер. Од своја страна, Обама ја нагласи улогата на земјата и истакна дека е целосно информирани за продлабочените односи со Русија и Кина.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела