Балкан
11. July 2016 - 9:29

Атина: Меѓународната улога на Грција е надградена

Средбите на грчкиот премиер Алексис Ципрас со високи функционери од целиот свет на маргините на Самитот на НАТО во Варшава покажуваат дека меѓународната улога на Грција е надградена и докажуваат дека е столб на стабилноста во регионот и пошироко, соопштија грчки владини извори.

Ципрас во Варшава се сретна со американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот премиер Кси Џинпинг, а дел од истата политика се и посетите на премиерите на Турција, Египет, Израел, Палестина и Иран, додаваат изворите.

Односите на пријателство и соработка изградени од страна на Грција со серија земји, придонесува за создавање на столб на мирот и стабилноста, кој е особено потребен во време на интензивирање на регионалните тензии и конфликти. Премиерот ја спореди Грција со „дрво кое ги има своите корени на Запад, но ги шири своите гранки кон Исток, Југ и Север“.

Според истите извори, како што јави дописникот на МИА од Атина, надградена регионална улога на земјата е експлицитно призната во заедничката изјава по официјални средби со рускиот и кинескиот лидер. Од своја страна, Обама ја нагласи улогата на земјата и истакна дека е целосно информирани за продлабочените односи со Русија и Кина.