Атина ја отфрла можноста за дополнителни мерки за штедење
Грчкиот министер за медиуми Никос Папас ја отфрли можноста за воведување дополнителни мерки за штедење во Грција, прецизирајќи дека договорот со министрите од еврозоната е за „нула фискални интервенции“.
Папас, кој е и близок советник на премиерот Алексис Ципрас, во гостување на телевизијата „Антена“ зборуваше за вчерашниот договор на Еврогрупата, со кој Грција се согласи да ги озакони мерките откако ќе заврши тековната програма за помош во 2018 година, во замена за враќање на технички експерти во Атина со цел да се затвори вториот преглед на третата финансиска помош на земјата.
- Се ќе се случи одеднаш ... мерките и контрамерките кои ќе стапат во сила по 2019 година ќе се гласаат заедно, изјави Папас. - Ако постои интервенција во даночниот систем за да се намали прагот, тогаш ќе треба да најдеме мерки кои ќе дадат социјално праведни и ефективни даночни олеснувања, додаде тој, посочувајќи го примерот со зголемување на данокот на луксузни стоки и намалувањето на данокот на основните артикли.
За проблематичните реформи во областа на трудот, Папас изрази убедување дека Владата ќе биде во можност повторно да го воведе колективното договарање - нешто на што кредиторите силно се противат, и да спречи масовни отпуштања, кои доверителите ги бараат како дел од мерките за зголемување на конкурентноста.
Папас додаде дека Владата има за цел да ја заврши ревизијата на финансиската помош што е можно побрзо, изтакнувајќи дека не постои причина за понатамошно одложување.
- Ова е добра можност за меѓународната заедница да утврди дали некој, од причини на експедитивност, намерно предизвикуваат доцнења, рече тој, без да навлегува во детали
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски