Атина и одговори на Тирана: Ги расветливме сите случаи, го осудуваме расизмот
Официјална Атина и одговори на Албанија во врска со последните убиства на Албанци во Грција.
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Александро Ѓенимата вели дека се расветлени сите случаи кои ги споменува Тирана и оти грчките власти се одлучни во сузбивањето на секаков вид криминал и го осудваат насилството и расизмот.
-Грција е европска земја каде владеењето на правото функционира ефикасно. Надлежните власти веднаш ги третираа и ги решија сите прашања споменати од албанското Министерство за надворешни работи, како што соопшти и грчката полиција. Ги осудуваме сите форми на насилство и расизам, кои може да бидат опасност по човечките животи. Обидите на албанското Министерство за надворешни работи да ги поврзе различните кривични предмети и да ги стави во отворена кампања на омраза и насилство, не се реални и се неприфатливи, наведува грчкото МНР во реакцијата.
Притоа официјална Атина повторно потсетува на убиството на Костандинос Кацифас, нагласувајќи дека очекува завршување на истрагата.
Истовремено бара од албанското Министерство за надворешни работи да биде поодговорно и поврздржано и да ја зачува ладнокрвноста, што е потребно во вакви случаи.
Реакцијата следеше по убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала.
Ново на Сител
-
Тече последниот ден за поднесување кандидатура за претседател на државата до ДИК
-
Лекарите советуваат да се внимава со исхраната за време на велигденските пости
-
20 бесправно изградени објекти во Охрид ќе се легализираат
-
Доделени наградите на 25. Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура
-
Преглед на вестите од светот
-
Јакимовски за црната листа на САД: Нечесна работа од нечесни луѓе
-
Просветните работници со години немаат земено плати во законскиот рок до 15-ти во месецот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, директор на ОМД за Македонија