Атина и Никозија ги координираат активностите пред посетата на Ердоган на Грција
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и грчкиот премиер Алексис Ципрас во телефонски разговор ги разгледаа активностите на двете страни пред претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Атина на 7 и 8 декември.
Се очекува Ципрас и Ердоган да разговараат за следните чекори во врска со проблемот за Кипар.
Атина и Никозија се надеваат дека турската страна ќе биде подготвена да дискутира за оние аспекти од кипарскиот проблем, што доведоа до застојот на разговорите во швајцарското одморалиште Кран Монтана, односно за гаранциите и за безбедноста на островот.
Грчката страна планира да го стави на маса предлогот за свикување на нова конференција, како онаа во Кран Монтана, под услов таа биде правилно подготвена.
Кипарскиот владин портпарол Никос Христодулидис изјави дека очекува решенија од Ердоган и дека за тоа Никозија сака да има подготвителен дијалог меѓу Грција и Турција, па да се види дали постои основа за продолжување на преговорите во рамките на такви конференции за Кипар, како онаа во Кран Монтана.
- Подготвеноста на кипарските Грци е потврдена, но нема одговор од лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, рече портпаролот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација