Атина го избрка Убер со воведување на нови, построги регулативи
Глобалната такси компанија Убер најави дека ќе ја затвори својата филијала во Атина, откако грчките власти ги заострија правилата за такси компаниите како што е Убер.
- Мораме да ги приспитаме новите локални регулативи кои беа изгласани во Атина, за да видиме дали и како би можеле да продолжиме да работиме на тој пазар. Во меѓувреме ги суспендираме активностите на уберХ Атина, соопшти компанијата.
Убер, кој нуди поефтин такси превоз со возачи кои најчесто работат само дел од работното време, е присутен во Европа од 2011, а во Атина од 2015 година. Околу 450.000 лица ја користеле апликацијата на Убер за да резервираат превоз досега, каде е активна уште една слична компанија - Беат. Како и во други градови, возачите на Убер во Атина, се соочуваат со постојани закани и притисоци од страна на постарите, етаблирани такси компании, кои го обвинуваат Убер дека ги урива нивните цени.
Според новите градски правила, компаниите како Убер и Беат ќе мора да ги вработат возачите преку некоја компанија, на пример преку рент-а-кар компанија, и ќе мора да им обезбедат возила не постари од седум години. Другите такси компании можат да користат возила стари до 22 години.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили