-->
-->
Атентат на Путин: Избегнат судир на два ловци со авионот на рускиот претседател!
-->
Два воени ловци Су-27 за малку ќе се судреле со авионот Ту-134 кој го транспортира рускиот претседател Владимир Путин. Катастрофата успеале да ја спречат контролорите на летот од московскиот аеродром Внуково, кој го пренасочил авионот на Путин, пишува српски „Блиц“.
Инцидентот се случил на 4. февруари на небото над Твер, северозападно од Москва, пишуваат руските медиуми. Авионот Ту-134, кој е во сопственост на Специјалниот летачки одред „Русија“, задолжени за транспорт на високи функционери, полетал од аеродромот Внуково, а во него немало службени лица, само редовни членови на екипажот.
Авионот полетал околу 11 часот наутро кон Санкт Петербург, а по неколку минути летот бил на височина од 10.000 метри над селото Пачинок во регионот Твер.
Во исто време два ловци Су-27 од воената воздухопловна база Хатилово биле на редовна обука за летање, исто така на 10.000 метри и свртеле кон регионот на селото Пачинок.
Воздушните контролори на Внуково приметиле дека ловците се движат со голема брзина од 1300 километри на час кон патничкиот авион и наредиле Ту-134 веднаш да се спушти. Како што пишуваат руските медиуми, само секунди ги делело од судир.
Од руското Министерство за одбрана ги демантирале овие информации. Односн одека ловците и патничкиот авион биле на редовните линии, но немало никаква опасност.
Погледнете го видеото...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право