Македонија
7. April 2016 - 16:53

„Ателјето од Куманово“ изложува во Париз

Вечерва во Амбасадата на Република Македонија во Париз се отвора изложбата посветена на Ликовната колонија „Куманово 1974- 2014“, пренесува дописникот на МИА.

Изложбата е организирана од страна на Музејот од Куманово под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.

На изложбата се претставени дела кои претставуваат само мал дел од богататa колекција на уметнички дела реализирани од учесниците на меѓунатодната ликовна колонија и уметниците од Куманово.