Атанасовски од ШП во Кратово се жали на притисоци, Трипуновски бара да тоа да престане
Ниту едно решение во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во подрачните единици и Шумската полиција, не смее во време на техничка влада да биде спроведено без потпис и од министерот и од дополнителниот заменик. Таква реалност постои и треба веднаш да се прекине.
Ова го соопшти дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ЦветанТрипуновски денеска заедно со Атанас Младеновски од Шумската полиција во Кратово кој пред медиумите го соопшти својот случај за прераспределување во Крива Паланка.
Младеновски информираше дека од ПЕ во Кратово бил преместен во ПЕ во Крива Паланка и дека сето тоа се прави за да се изврши притисок врз него.
Појасни дека шест месеци бил шиканиран и дека на 28 октомври 2019 година му било дадено решение за прераспределување во Крива Паланка, потоа на 02.01.2019 го вратиле назад и сега на 3-ти повторно го вратиле во Паланка.
Како што пососчи има судско решение во негова корист дека треба да биде во ПЕ каде е вработен и бара од премиерот Оливер Спасовски да го отповика и решението како што тоа го направил во МВР.
За Трипуновски ваквиот случај е класично изживување врз вработените се со цел да се користи овој момент како дополнителен притисок.
-Ова не го оправдувам го осудувам во целост и не само за Шумската полиција, туку за кое било преместување во Министерството кое во изминатиот период се случуваа во стотици случаеви, во Шумската полиција, подрачните единици, Министерството. Апелирам веданш да се престане, ова решение да се коригира што е противзаконски, има правни консеквенци и во иднина да не се повтори се до одржување на изборите и формирањето на новата влада, потенцира Трипуновски.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај