Македонија
7. March 2021 - 13:07

Атанасов: Исплатени се над 512 милиони денари на 23 524 субјекти, грижата за земјоделците продолжува

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев и продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка.

Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплатени се над 512,5 милиони денари на 23.524 субјекти.

Сите кои стекнале право на користење финансиска поддршка, во еден ден и без селекција ги добиија средствата кои им следуваат.

Станува збор за исплата на следните мерки: директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години исплатени се 54,5 милиони денари, додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари.

Покрај ова, продолжува и поддршката за земјоделците за модернизирање и унапредување на процесот на производство.

Во текот на 2020 и 2021 година се доделија 540 договори за набавка на нови трактори. 540 земјоделци ќе добијат можност да ја обноват својата механизација за подобра обработка на нивните посеви. За оваа цел, Владата предводена од СДСМ одвои 206 милиони денари. Новите машини во комбинација со субвенционираните трошоци за нејзино користење попознато како зелена нафта ќе придонесе до порентабилно работење на земјоделските стопанства и поголем бенефит за сите земјоделци.

Во 2020 и почетокот на 2021 се одобрени и потпишани 265 грантови за млади земјоделци во висина од 20.000 евра. Владата предводена од СДСМ е силно посветена во развивање на младинското претприемништво во областа на земјоделството и руралниот развој.

Токму затоа за овие 265 грантови се одвоени 190 милиони денари за набавка на опрема за преработка на земјоделски производи, пчеларска опрема, опрема за производство на вино, молзни системи и опрема за фарми. Оваа сериозна владина поддршка ќе развие нови производи, нови брендови, додадена вредност за економијата и најважно – креирање на нови работни места.

Особено е важно што во овие кризни времиња не изостана ни поддршката за земјоделците и агросекторот од ИПАРД програмата.

Во текот на 2020 и почетокот на тековната 2021 потпишани се 507 ИПАРД договори за инвестиции вредни 1.35 милијарда денари. Со посветеноста на Владата и институциите успеваме во услови на пандемија да ги оддржиме економските текови и финансиски да мотивираме инвестиции во нови фарми, винарии, млекари, погони за преработка на дрво, угостителски и сместувачки објекти, подигање на нови насади и развој на преработувачките капацитети.

Бројките се бројки, а фактите факти. Тие говорат за силна динамика во работата на институциите кои треба да го поддржат земјоделството и руралниот развој. Во период од 14 месеци, месеци во кое беше отежнато работењето и функционирањето на институциите успеавме да склучиме договори и партнерски однос со над 1280 субјекти за нови инвестиции вредни 30 милиони евра.

Поддршката е реална и неселективна. Достапна до секој земјоделец, секој агробизнисмен. И тоа граѓаните го препознаваат и чувствуваат. СДСМ останува на курсот за посветена работа и заложба за подобар живот за сите граѓани, за сите земјоделци.

Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ