Атанасов: Да не се стопира реализацијата на проектот за Скупи
Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во ребалансот на буџетот се намалени за над 80 проценти средствата наменети за реализација на проектот за античкиот театар Скупи.
- Овој антички театар од римско време е еден од најголемите и најзначајните објекти на Балканот и пошироко. Ова е еден од најважните проекти кој што во најмала рака наместо да го блокира, треба да го реализира СДС преку Министерството за култура, рече Атанасов на прес-конференција.
Новиот антички театар во Скопје, како што посочи Атанасов, било предвидено да има капацитет од 8 до 10.000 гледачи и на него да се реализираат бројни културни програми и концерти.
- Стопирањето на проекти кои се од огромно значење за граѓаните, не носи корист никому. Ве повикуваме да не ја стопирате реализацијата на проектот за Антички театар Скупи, истакна Атанасов.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност