Фудбал
19. October 2020 - 9:07

Астон Вила победи на четири натпревари на почетокот на сезоната за прв пат од 1930 година

Астон Вила синоќа го победи Лестер во 5. коло од Англија шампионатот со 1:0. Тимот на Дин Смит ги доби сите четири свои воведни средби оваа сезона. Според „Опта“, Астон Вила победи на четири воведни натпревари за прв пат од сезоната 1930/31.

Тимот од Бирмингем, кој во претходното коло го совлада шампионот Ливерпул со 7:2, е единствениот во Премиер лигата со максимален број победи.

Во моментов Астон Вила е на 2. место со 12 бода, еден помалку од лидерот Евертон, но „карамелите“ имаат и натпревар повеќе.