-->
-->
Асфалтирање улици во Делчево
-->
Се асфалтираа две улици во населбата Милково брдо во Делчево во должина од 400 метри со вкупна вредност од околу четири милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општината.
Како што изјави раководителот на Одделението за урбанизам, Горан Петровски, станува збор за реконструкција и асфалтирање на улиците „Вељко Влаховиќ“ и „Питу Гули“ кои биле доста оштетени и подолго време им создаваа проблеми на граѓаните од овој дел на градот.
- Претходно на улицата „Вељко Влаховиќ“, екипи на ЈПКД „Брегалница“ извршија промена на азбестните водоводни цевки со нови ПВЦ, како и вградување на потребните пропратни елементи со што се создаде можност за почеток на реконструкцијата на улицата, информира Петровски.
Деновиве заврши и асфалтирањето на крак 1 од улицата „Питу Гули“ во должина од 74 метри и профил од 6 метри, како и асфалтирање на крак 2 од истата улица, во должина од околу 60 метри и профил од шест метри. Асфалтирањето се врши со асфалт со големина на фракција БНС 16А, рече Петровски.
Во моментов во Делчево се вршат подготвителни активности за асфалтирање на улицита „Светозар Марковиќ“ во центарот на градот, каде претходно беа заменети водоводните азбестни цевки со нови полиетиленски цевки и беше поставена атмосферска канализација во должина од околу 400 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација