Македонија
27. May 2016 - 14:26

Асфалтирани улици и канализациска мрежа во општина Зрновци

Изградбата и асфалтирањето на улици и останата патна инфраструктура е во фокусот на активностите во општина Зрновци. Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделеството и руралниот развој денеска во населеното место Мородвис е асфалтирана улица во должина од 350 метри.

- Улицата е долга 350 метри и е лоцирана во северниот дел во населбата, со широчина од 4 метри. Средставата во износ од 1,9 милиони денари општината ги доби преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.

Тој информира и за поставувањето на канализациската мрежа во населеното место Мородвис во должина од 3,7 километри за што се инвестирани 7,5 милиони денари, средства добиени од Министарството за транспорт и врски. Со канализациската мрежа ќе бидат опфатени 550 домаќинства од Мородвис.

Станков за наредната недела најави асфалтирање на улиците во ова населено место кои делумно беа оштетени со поставувањето на канализациската мрежа.