Асфалтиран регионалниот пат низ Крушево
Завршува асфалтирањето на транзитниот дел од регионалниот пат низ Крушево во должина од 2,4 километри. Според директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, за оваа градежна активност од буџетот на ЈП за државни патишта се обезбедени 4 милиони денари.
Завршени се и градежните активности на делови од делниците Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света каде во рамките на програмата за одржување на државните патишта се изврши поправка и рехабилитација на коловозот.
Активностите на регионалните патни правци Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света се повеќегодишни и ќе се изведуваат во периодот од 2015 до 2018 година. Од страна на Владата на Република Македонија за рехабилитација на делницата Крушево-Сладуево ќе бидат обезбедени околу 60 милиони денари, а за делницата Демир Хисар-Граиште-Света околу 30 милиони денари. За оваа година од буџетот на ЈП за државни патишта преку програмата за одржување на државните патишта за овие патни правци се обезбедени и реализирани 7 односно 6 милиони денари.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора