-->
-->
Асфалтиран патот до археолошкиот локалитет и манастирот Св. Петка во Пехчево
-->
Заврши асфалтирањето на локалниот пат до археолошкиот локалитет и манастирот Св. Петка во Пехчево, во должина од 1,5 километри, проект вреден 8.090.512,00 денари и финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.
Според информациите на градоначалникот Игор Поповски, остануваат уште некои детали за да биде официјално пуштен во употреба.
- Изградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во Пехчево, затоа што археолошкиот локалитет и претходно бил посетуван од туристите, но сепак, пречка била инфрастуктурата и непристапноста, а сега очекуваме посетеноста да биде уште поголема, рече Поповски.
Тој додаде дека манастирот „Света Петка“ е подигнат во 2001 година, во дворот на археолошкиот локалитет од стариот женски манастир „Св Илија“. Ѕидините од старохристијанската базилика сведочат за животот на монахињите, а покрај остатоците од црквата, градена од камен и вар, овде има остатоци и од придружни објекти кои биле во функција на манастирското стопанство. Легендата зборува дека се работи за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во соседните Берово и Царево Село.
- За овој археолошки комплекс, знаат малкумина, бидејќи досега немаше соодветен пат, но сепак, самата локација е на 4 километри од Пехчево во предел кој е идеален за посетители. Со изградбата на инафраструктурата и одредени проекти кои ги планираме во наредна фаза, ќе ја заокружиме и оваа локација, како причина повеќе за да се посети Пехчево, рече Поповски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс