Асанж бара од Велика Британија и од Шведска да му ја вратат слободата
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (45) денеска повторно ги замоли Велика Британија и Шведска да ја почитуваат одлуката на Обединети нации според која тој „произволно е затворен“ и да му ја вратат слободата.
- Ги повикувам Велика Британија и Шведска да ја направат вистинската работа и да ми ја вратат слободата, истакна Асанж додавајќи дека Лондон и Стокхолм се однесуваат во спротивност со меѓународните обрвски, пропишани со Универзалната декларација за човекови права.
Во февруари 2016 година работна група во Советот на ОН за човекови права утврди дека Велика Британија и Шведска „произволно го притвориле“ Асанж.
Тој е во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска каде е осомничен за силување. Асанж стравува дека Шведска би множела да го испорача на САД, каде е обвинет за објавување на доверливи документи.
Ново на Сител
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови
-
Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков