Асанж бара гаранции од САД
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж го прекрши ветувањето дека ќе ја напушти Амбасадата на Евкадор во Лондон доколку САД ја помилуваат Челси Менинг.
Според „Индипендент“, Асанж би можел да се согласи да замине во САД, само ако добие гаранции од американското Минисерство за правда.
- Го контактиравме Министерството, но не добивме одговор. Топката е во нивниот двор. Доколку средувањето на работите вклучува заминување во САД каде ќе се заштитат моите права, тогаш ќе разговараме за тоа, истакна Асанж за интернет емисијата „Пестон шоу“.
Прашан да го коментира влијанието на американските претседателски избори по објавувањето на илјадниците мејлови на Хилари Клинтон, Асанж истакна дека Викиликс објавил само „автентични зборови“ на кандидатката на демократите.
- Луѓето читаа што таа кажа и не им се допадна. Не им се допадна како ги намести примарните избори против Берни Сандерс, посочи Асанж.
Тој, зборувајќи дали му помогнал на Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, истакна дека Викиликс не им кажува на луѓето како да ги толкуваат мејловите или како да гласаат.
- Тоа е работа на Американците. Доколку Американците одлучиле да дадат предност на Доналд Трамп, тоа е нивна одлука, посочи Асанж, при тоа додавајќи оти 100 отсто е сигурен дека руското хакирање немало никаква улога во прибавување на мејловите на Клинтон.
Асанж потсети дека Викиликс повеќе пати го повика Трамп да ги објави своите даночни пријави, трипати во текот на претседателската кампања и двапати по изборите.
Тој го оспори и тврдењето дека Трамп сака да го згасне новинарството.
- Трамп не е непријателски насочен кон новинарските организации, туку кон нивното известување. Разбираме дека партизанската природа на новинарството доаѓа до израз, наведе Асанж.
Австралискиот програмер претстојува во Амбасадата на Евкадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска, каде е осомничен за наводно силување. Тој стравува дека Шведска би можела да го испорача во САД поради обвиненијата за шпионажа по објавувањата на материјали за војната во Ирак, кои беа доставени од трансродниот војник Челси Менинг.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка