Асаф Адеми: Секаде каде што ќе се открие криминал, ќе соработуваме со СЈО
Министерот за култура Асаф Адеми не е во детали запознат со извештајот за неправилности во работата на Министеството за култура во 2016 година, што пред четири дена го објави Државниот завод за ревизија, но истакна дека се отворени за соработка со СЈО и надлежните институции.
Неговиот прв работен ден на функцијата министер денеска беше отворање симпозиум за менаџирање на културата, организиран од Амабасадата на САД во Македонија.
Во изјава за медиумите рече дека вчера денот го поминал запознавајќи се со вработените во Министерството и дека се уште не навлегол во материјата за, како што рече, да ги разгледа документите како што треба.
- Но ние сме отворени за сите институции. Специјалното јавно обвинителство е добредојдено да ги разгледа сите документи. Се сретнав со еден претставник на СЈО кој вчера беше во Министерството. Јас ќе продолжам, а тоа е политика и на Владата, секаде каде што ќе се открие криминал, ќе бидеме отворени за соработка со СЈО, како и со другите институции, изјави Адеми.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили