Асад: Уредбата на Трамп за забрана на влез во САД не е против Сиријците
Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да го забрани влезот за државјаните на Сирија во САД „не се однесува на сирискиот народ“.
- Тоа е против терористите кои би се инфилтрирале меѓу мигрантите на Запад. И тоа се случувало. Се случувало во Европа, главно во Германија, истакна Асад во интервјуто за француското радио “Јунор 1“.
Извршната уредба на Трамп, со која на патниците од седум муслимански земји се забранува влез во САД предизвика големо незадоволство во светот, а и во самата Америка, каде сојузниот апелацiski суд ја оспори.
Зборувајќи за конфликтот во Сирија, Асад наведе дека освојувањето на Рака не е приоритет за владините сили, тука дека нивна цел е да ја заземат „секоја педа“ од сириската територија.
- Рака е симбол, нагласи сирискиот претседател оценувајќи дека џихадистичките напади во Франција не се „ неизбежно подготвени“ во упориштетот на Исламската држава во Сирија.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк