Свет
19. December 2015 - 17:35

Асад: Само Сиријците можат да одлучат дали ќе останам на власт

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека само сирискиот народ може да одлучи дали тој ќе остане на власт и изрази подготвеност да замине од функцијата доколку народот така одлучи.

- Сирија е суверена држава. Дали претседателот е добар или лош ќе одлучат Сиријците, а не Европејците, истакна Асад.

Тој, исто така, предупреди дека Холандија ќе го прекрши меѓународното право ако одлучи да ги бомбардира милитантните исламистички цели во Сирија.

Холандија моментно е ангажирана само во бомбардирање на целите на ИД во Ирак, но е под се поголем притисок да преземе акции и во Сирија. Официјалниот став на Амстердам е дека Асад мора да замине, со цел на власт да дојде нова стабилна влада.

- Таа одлука е само на Сирија. Европа нема ништо со тоа. Холанѓаните сигурно не би прифатиле Сирија да им избира премиер, нагласи сирискиот претседател.

Осврнувајќи се на ширењето на тероризмот на Блискиот Исток и во Европа, Асад оцени дека Европа заедно со Турција, Катар и Саудиска Арабија ја претвориле Сирија во земја која е расадник на тероризмот.