Свет
15. December 2016 - 18:33

Асад објави дека Алепо е ослободен

Сирискиот претседател Башар ал Асад објави дека сирискиот град Алепо е ослободен и ја прогласи победата на сириските сили над сириските бунтовници. 

Тој ги поздрави неговоите сонародници поради ова случување. 

- Сакам да ве уверам дека денеска се пишува историја на земјата, истакна Асад во краткото обраќање кон народот, кое беше постирано на неговиот Фејсбук профил. 

- Со ослободувањето на Алепо може да се каже дека ситуацијата се промени не само за Сирија, туку и за реонот и за целиот свет, нагласи Асад. 

Тој наведе дека за ослободувањето на Алепо секој граѓанин на Сирија имал свој придонес. 

- Упорноста и решителноста на жителите на Алепо и упорноста и решителноста демонстрирани од целиот сириски надор, доведоа до тој успех, порача Асад.