Свет
2. December 2015 - 8:51

Асад: Мир во Сирија кога Зпадот ќе престане со поддршка за терористите

Мирот ќе дојде во Сирија ако Западот и нивните сојузници на Блискиот исток „престанат да ги поддржуваат терористите“, изјави сирискиот претседател Башар Асад.

– Кога државите Франција, Велика Британија, САД, Саудиска Арабија, Катар и останатите ќе престанат да ги поддржуваат терористите (вооружена и невооружена опозиција), ситуацијата во државата ќе се поправи веќе следниот ден. Мирот дефинитивно ќе дојде во Сирија за неколку месеци ако западните држави претстанат да го пават тоа, изјави Асад во интервју за Чешката телевизија.

– Ако навистина сакате да ги победите терористите, тогаш неопходно е да им се прекине доставувањето муниција, оружје, пари, кои воглавно ги добиваат преку Турција со поддршка од Саудиска арабија и Катар, нагласи Асад.