Артман шокирана од ослободителната пресуда за Шешељ
Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал, Флоренс Артман изјави дека е шокирана од ослободителната пресуда за лидерот на српските радикали Војислав Шешељ.
- Не сум шокирана само поради ослободувањето на Шешељ по сите точки од обвинението, туку и поради начинот на кој е тоа направено, со што се негираат воените случувања и неговата улога и се одбива дека неговите говори на омраза поттикнувале на злосторства. Со ова напишаа една приказна која никој не ја доживеал, ниту ја видел како набљудувач, истакна Артман.
Според неа, оние кои пишувале за војната и за Хашкиот трибунал завршуваат во затвор, а оние кои извршиле злосторства се ослободуваат.
- Од каде тогаш надеж за жртвите дека правдата ќе биде задоволена, ако може да се стави се на еден лист хартија на кој пишува „никому ништо“, нагласи Артман.
Артман минатата недела беше уапсена пред седиштето на Хашкиот трибунал, додека ја чекаше пресудата на поранешниот лидер на боснаските Срби, Радован Караџиќ.
Правниот советник во српското Министерство за надворешни работи Саша Обрадовиќ изјави дека и за него пресудата била изненадување.
- Беше многу неочекувано. Колегите од другите дипломатски претставништва очекуваа Шешељ да биде осуден, а она што денеска го слушнавме е осуда на обвинителството за неговата целокупна работа во овој предмет, нагласи Обрадовиќ.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите