Loading Video...
Фудбал
20. December 2019 - 18:07

Артета официјано нов тренер на Арсенал

Микел Артета и официјално е именуван за нов тренер на лондонски Арсенал
 
Официјално тимот на Арсенал објави дека поранешниот асистент на Манчестер Сити, 37-годишниот Шпанец, Артета е наследникот на Унаи Емери на менаџерското место 
 
Артета и раководството на Арсенал потпишале три годишен договор, за кој засега финансиските детали не се објавени. 
 
Инаку Шпанецот, кој до пред три години беше и активен играч во редовите на Арсенал во приодот од 2011 до 2016 година, ја носеше и капетанската лента на популарните „топџии“, а на 150 натпревари постигна 16 голови.
 
„Арсенал е еден од најголемите клубови во светот и за мене ова е голема чест. Претстои  голема работа, за целио0т стручен штаб, а наша цел е да го вратиме  Арсенал на старите патеки и да бидеме во игра за сите трофеи во сезоната“,изјави Артета.
 
Шпанецот своето деби на клупата на Арсенал ќе го има следната недела, а утре во мечот против Евертон, екипата ќе ја води Фредерик Љунберг.