Македонија
17. March 2021 - 13:21

Арсовски: Заев направил кривично дело кога се јавил кај Виолета која е партиски војник на СДСМ, тогаш немало одлука на влада

Од прв до последен во Влада на чело со Заев, сите до еден лажат. Пред само 2 дена кога излезе скандалот дека Заев лично ѕвонел да се пропуштат луѓе на граничен премин Деве Баир, од Влада испратија соопштение дека се груби манипулации.

Вчера самиот Заев призна дека се јавил кај службеничка со прекрасен глас, по име Виолета, како што можеше да се види по медиумите и излажа дека не ја познавал службеничката и нејзе и кажал да бидат пропуштени возилата, нормално како загрижен за своите граѓани.

Бидејќи Заев вели дека бил загрижен за граѓаните и сакал помогне, ние сега од оваа говорница ќе му вртиме на телефон да му ги поставиме, суштинските прашања кои ги имаат граѓаните и да видиме колку е загрижен и достапен.

Ова е бројот кој што сите граѓани односно го знаеја, и еве на овој начин е достапен Заев, за граѓаните. Бројот не би го кажувал јавно, но ова е број кој го имале соработници, новинарите и граѓаните кои го поздравија овој чин лично да му ѕвониме но очигледно е дека сепак не е достапен за граѓаните, туку е достапен за оние негови најблиски кои ги пропушта и ургира за нив на граничните премини.

Бидејќи не е достапен за обичните граѓани, и бидејќи не може да стигне никој до него освен тие што му се најблиски, тука јавно ќе ги прочитаме оние три прашања суштински кои сакавме да му ги поставиме во име на граѓаните, оние обични граѓани кои не можат да стигнат до него.

Господине Заев бидејќи велите дека сте загрижени за граѓаните сакаме да ве прашаме бидејќи и ние сме загрижени за здравјето на граѓаните, кога ќе стигнат вакцините што ги ветувате половина година и бидејќи досега починаа над 3.300 граѓани на Република Македонија?

Второ прашање, дали чувствувате одговорност и барем грам срам за овие над 3.300 жртви од корона, бидејќи не успеавте да им донесете вакцини од едноставна причина бидејќи поважни ви се провизиите?

Трето прашање за крај, дали како што не знаете каде е Драги Рашковски, дали сега не знаете каде е вашиот прв соработник Љупчо Николовски и дали е на одмор во Дубаи?

Ова се суштинските прашања на кои треба да одговори Зоран Заев, а очигледно само пред медиумите е слаткоречив, достапен и загрижен за граѓаните, за сите останати е недостапен, односно за обичните граѓани.

Едноставно се она кое што го прави и кажува е само шминка и филм за манипулација на граѓаните.

Сега да се навратиме на случајот со пропуштањето и ургенцијата на возилата.

Најпрвин, со ова Зоран Заев сакаше да ја изманипулираше јавноста, се обиде да сокрие за ваквиот скандал и откако беше фатен во тесно, мораше да признае.

Со ова извршил злоупотреба на службената должност и извршил влијание врз службеничката, која ниту смее да прима наредби од него, ниту пак да постапува.

Таа единствено смее да постапува согласно законските можности и одговорност која ја сноси на работното место, вклучително по наредба на нејзините претпоставени, а нејзин претпоставен не е Зоран Заев.

Потоа, скандалозно е што едно од возилото било странско возило од Косово, со косовски регистарски таблички и косовски државјани внатре, што е спротивно на она што го говореше државата дека биле македонски државјани, и е спротивно на било кој заклучок на било која седница на владата Владата.

Владата се обиде да сокрие, а се уште останува отворен сомнеж, дали и што можеби превезувале овие возила и дали некој направил претрес и записник што се пуштено по ургенција на Зоран Заев?

Зошто и по чија наредба, а веруваме по наредба лично на Заев, е менувана службената белешка од службеничката со прекрасен глас Виолета, каде што најпрвин било заведено дека Заев лично ургирал за возилата, а потоа во следната беше истото избришано?

Инаку, според нашите информации, а веќе и медиумите пишуваа службеничката со прекрасен глас за која лаже Заев дека не ја познавал, се вика Виолета Ангеловска, мајка на екс-советник од редовите на СДСМ, Дарко Ангеловски, кој е сега вработен од СДСМ во МВР како инспектор, односно и службеничката Виолета и нејзиниот син се партиски членови на СДСМ за кои Заев вели не ги познава, а им се јавил, односно и се јавил на службеничката. Повторно лаже.

За крај, сакаме јавно да прашаме, колку камиони со тутун, колку камиони со психотропни супстанци, колку камиони со марихуана, колку камиони со шверцувана брендирана облека, колку возила со мигранти се поминати низ граничните премини на Република Македонија, само со вакви јавувања како што се јавил Заев кај службеници со прекрасен глас или на било кој од Владата што ѕвонел кај негов познат службеник?

Одговорност за ваквото шерифско – монархиско однесување мора да има. Одговорност мора да сноси и Заев, одговорност мора да сносат и службениците кои биле на смена на Деве Баир, одговорност мора да сноси и Оливер Спасовски.

Законите треба да важат еднакво за сите и ова не смее да ни се случува. Трулиот систем мора да ги заштити своите граѓани на Република Македонија од вакви девијантни однесувања. Вакво зло како Зоран Заев мора да си оди.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ