Македонија
2. March 2020 - 15:39

Арсовски: Заев лаже и манипулира за социјалните проекти

Зоран Заев и СДСМ во очај ветуваат се и сешто и лаже. Денеска Заев во својата бледа и паушална прес конференција без сериозни планови и аргументи, со бројки исфрлени од ракав, по 1001 пат ги лаже граѓаните во однос на ветување проекти во предизборието.

Ако земеме во предвид дека Зоран Заев ветуваше просечна плата од 500 евра, плата за докторите од 100.000 денари, плата за медицинските лица 50.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, јасно е според ова што не е остварено овој период, јасно е дека Зоран Заев се што вети денеска во делот на социјални проекти, нема да реализира апсолутно ништо и сето она што го говореше денеска се само лажни ветувања, како и се останато од паушални зборови исфрлени од ракав.

Денеска Зоран Заев ветува изградба на 777 социјални станови, бројка која што како што реков сигурно ја извадиле од ракав во знак на очај, еве јавно го прашуваме Зоран Заев која беше причината што до сега беа изградени барем половина од овие 777 социјални станови. Наспроти тоа, не се завршени ни оние коишто беа започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, Заев ветува 3 старечки домови, а сите знаеме кој беше проектот на СДСМ во однос на старечките домови со Меѓународниот Сојуз на веќе обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, кој е дел од најголемиот случај на Рекет во историјата на Република Македонија. Сега, Зоран Заев и СДСМ повторно ветуваат старечки домови, откако проектите на неговите градоначалници заедно со Меѓународниот Сојуз паднаа во вода, исто како што Боки 13 падна во притвор. Најверојатно сега нашле нов партнер за реализација на истиот проект којшто не успеа.

Заев зборува за правата на работниците, кои патем дури и во неговите фирми се пријавени на минимална плата, тоа е неколку пати објавено од страна на медиумите, а законите за работничките права беа донесени на шверцерски начин како и се останато, без согласност на Економско-социјалниот совет, кој е легитимно

тело за заштита на работничките права и ги отфрли исто така мислењата на синдикатите. Затоа, нема компанија која е задоволна од законите на Заев или пак вработени кои успеваат да ги користат своите права и бенефиции што им следуваат.

Дополнително, Заев и СДСМ го ограничија правото за надоместок за студирање на децата без родители со нови законски измени, односно за децата кои имаат до 26 години, а претходно со мерката донесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, неограничена беше бројката на години кога би можеле да запишат факултет и да студираат децата без родители. Замислете, деца кои имале навистина тешко детство, станале полнолетни, се вработиле веднаш после 18-та година, за да може да преживеат и да работат на својата иднина, односно да градат семејство. И кога конечно после осум или девет години од нивното полнолетство ќе застанат на нозе, ќе можат да студираат, Зоран Заев наместо тие да студираат им го укина правото и ги остава повторно да се мачат и понатаму.

Со еден збор со законска измена човечки судбини патат заради Зоран Заев.

Лага е дека СДСМ обезбедува помош и поддршка за повозрасните. Заев удри и по пензионерите кои имаат инвалидни недостатоци или заболувања, практично го ограничи додатокот за мобилност на лица до 65 години, односно лицата над 65 години нема да можат да го користат правото на додаток за мобилност, затоа што според Заев и СДСМ, тие повеќе не се важни за општеството и ги оставаат на цедило им го скратуваат единственото право за додаток за мобилност.

Срамота е да се обврзуваат дека ќе инсталираат рампи за инвалиди по институции по 21 век, ако имаме во предвид дека нема директор или функционер на СДСМ од било која институција,што е на раководна позиција, којшто што не е вмешан во било каков криминален тендер. Само за цвеќиња и лубриканти беа потрошени од страна на владата повеќе од 1.5 милиони евра, пари со коишто можеа да се изградат по три рампи во секоја државна институција. Ова е повеќе од лицемерно ветување.

Заев и СДСМ го укинаа и додатокот за трето дете што беше директна поддршка за многудетните семејства.

Заев вели дека едно четиричлено семејство во кое има едно лице работно неспособно, а другите се над 18 години, три лица, ќе земаат 11.700 денари или вели 300% повисок надоместок. Почитувани, ова е небулоза, лаже и парите кај овие семејства кои треба да ги земаат ќе се намалат, а не како што вели Заев ќе се зголемат.

Проста симулација. Истото ова семејство каде едно лице не е способно за работа, а останатите три лица се способни за работа, по се што воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ ова семејство добиваше вкупно 29.581 денари.

Социјална помош, постојана парична помош, електрична енергија за 12 месеци, право на мобилност, право на туѓа нега, здравствена заштита, користење на топол оброк или сите овие мерки во вредност од 29.581 денари. Сега, со новата мерка на Заев ќе земаат за три пати помалку, односно 11.700 денари, односно наместо да ги зголемат за 300% приходите на овие семејства ги намалуваат за 300%. Толку од социјалната политика на Зоран Заев.

Зоран Заев е политичар во заминување. Не му е проблем ништо да вети и да излаже само за да добие некој глас повеќе. Граѓаните повеќе не му веруваат.

Затоа, Зоран Заев и СДСМ својата казна ќе ја добијат на 12-ти април и веднаш потоа следува Обнова на Македонија.