Македонија
12. November 2020 - 14:40

Арсовски: За ѓубрето и шутот на Клинички, заборавените паценти и бројот на починати е виновен Венко Филипче

Навистина е срамота почитуваниот доктор, а катастрофален министер Венко Филипче своето катастрофално работење и негрижа за пациентите да го затскрива преку деца од младината кои ги пушта да држат пресови.

Здравството, сите клиники и болници низ државава се во катастрофална состојба.

За жал, броиме црни рекорди и биланси, каде што бројката на починати дневно достигнува рекорди. Бројката на новозаразени исто така секојдневно достигнува рекорди.

Црниот биланс е 1212 починати до вчера, односно 606 починати на еден милион жители, што не вбројува во земјите со највисока смртност.

И за тоа не е виновно ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Христијан Мицкоски, ниту јас како Димче Арсовски, ниту граѓаните, а најмалку медицинските лица. За тоа е виновен единствено министерот и политичар Венко Филипче што не овозможува услови и што не менаџира добро со целата ситуација и министерството.

Секојдневно имаме десетици очајни жалби и молби од граѓани јавно да кажуваме за третманот кон нив од страна на надлежните и директорите на болници, каде што не ги примаат на лекување пациентите со тешка клиничка слика, бидејќи нема простор повеќе. А просторот не можат да го обезбедат граѓаните, туку просторот и условите треба да ги обезбеди министерот Филипче. Но, нему баш му е гајле, поважна му е политиката и политичките препукувања. Затоа ние решивме да го пренесеме гласот на граѓаните и нека не заборава Венко Филипче и СДСМ се додека се кријат позади деца на прес конференции и не навредуваат и напаѓаат, тие ги напаѓаат граѓаните бидејќи ги пренесуваме нивните маки.

Ќе ви покажам само дел од сликите во каква состојба се наоѓа Клиничкиот центар во Скопје, за другите градови и не морам да говорам, таму сами директорите поставени од Филипче молат за помош преку социјални теми и бараат јавни донации за болнички возила и останати услови. Најверојатно амбулантни возила нема, затоа што парите завршиле кај Заеви.

Ова е состојбата денеска пред еден час низ Клиничкиот центар. Ѓубре и шут насекаде, пациенти заборавени по ходници, за жал некои и на ладното во дворот на клиниката, немање основни услови за работа на здравствените работници.

Ова се фотографиите кои може да ги види и министерот Венко Филипче само ако пропешачи овде низ Клиничкиот центар, ова е денеска, пациенти кои лежат низ ходниците и оставени алатки низ ходиниците во болниците.

Ова е состојбата на Клиничкиот центар во Скопје од пред само еден час и министерот може слободно да прошета да види во каква состојба се наоѓа, наместо да седи затворен во Владата и од министерството да држи прес конференции и да ја крие неговата неспособност и негрижа.

Ѓубре и шут насекаде, заборавени пациенти, некои беа и заборавени и на ладна температура во дворот на Клинички центар, немањето на основни услови за работа на здравствените работници, која слика од состојбата можевте да ја видите на фотографиите.

Затоа граѓаните страдаат, затоа граѓаните за жал умираат и ја губат битката со корона пандемијата. Затоа Венко Филипче и комисијата на Караџовски се виновни за се ова и треба да си дадат оставки уште веднаш, бидејќи животот на граѓаните е најважен, а не политиката на Филипче и Караџовски. Ова ви е порака од граѓаните, сфатете ја што побрзо.