Македонија
7. November 2018 - 13:51

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да намера да прекине со лошите економски политики

СДСМ нема намера да прекине со лошите економски политики.

Секој ден се погласни се укажувањата од страна на експертите и бизнис заедницата дека мерката е неиздржлива и избрзана без никакви анализи и дебати.

Оваа лоша реформа со воведување на прогресивниот данок наместо рамниот данок, само ќе ги осиромаши граѓаните се повеќе и ќе го продлабочи јазот помеѓу богатите и сиромашните.

Над 450.000 граѓани во Република Македонија во моментов живеат во сиромаштија. Не се отвораат нови работни места, нема нови инвестиции, капиталните инвестиции се на историски најниско ниво.

Со воведувањето на прогресивниот данок ќе се зголеми даночната евазија, сивата економија и сиромаштијата. Компаниите и приватниот сектор нема да имаат простор да отвораат нови работни места бидејќи ќе им се зголемат трошоците, даноците, а со тоа ќе им се намалат и приходите кои што ги остваруваат. Ќе има и зголемување на инфлацијата.

Суштинска реформа беше воведувањето на рамниот данок во време на ВМРО-ДПМНЕ кој беше оценет како најдобро решение во тој момент, ова е само една бледа шминка која наместо да ја покрие неспособноста и неработењето на СДСМ, оваа бледа шминка само ќе нанесе уште повеќе штета и ќе удри по џебот на граѓаните и државата.

Дека е лоша реформата, уште една потврда е тоа дека СДСМ, Тевдовски и Заев ја донесоа народски кажано преку ноќ, не консултирајќи никого и игнорирајќи ги барањата на Бизнис секторот и стопанските комори како и нивните партнери.

Почитувани,

Тевдовски не може да си игра банкар на Република Македонија собирајќи арач од граѓаните осиромашувајќи ги.

Тевдовски најмалку што може да направи е да ја стопира оваа реформа и да си даде оставка уште веднаш заедно со целата Влада и со Зоран Заев, за конечно Република Македонија да тргне напред!