Арсовски: Власта ја задолжи државата за скоро 400 милиони евра за девет месеци
Власта ја задолжи државата за скоро 400 милиони евра за 9 месеци. Откако СДСМ ја презема власта, долгот не престанува да се зголемува.
Секое едно семејство во државата е задолжено со 720 евра за само 9 месеци. Тоа се пари кои со камата ќе ги враќаат идните генерации.
Ова се скоро 400 милиони евра кои власта ги зема без покритие, без со нив да се финансира дефицит или капитални инвестиции кои и онака се на историски најниско ниво. Ова се пари за кои власта не кажува на што се трошат. Ова се пари практично кажано фрлени низ ветер.
СДСМ, партија која ветуваше намалување на задолжувањето од опозиција, сега од позиција на власт не само што не го намали, туку и го зголеми. За првпат во историјата на државата јавниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг од над 4 милијарди евра.
И додека долгот достигнува астрономски размери нема ниту инвестиции, ниту проекти. Ништо од ветените 600 километри автопат, ништо од 550 километри магистрални патишта и ништо од 1100 километри локални патишта.
Лошата изведба на власта и незнаењето и некапацитетот се гледа и од ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции кои за 3/4 од годината изнесуваат само 1/4 од предвидените, ова е жално. Дополнително на тоа ако го додадеме и препрограмираниот раст кој е намален на 2.3% доаѓаме до заклучок дека економијата се ближи до неликвидност.
Граѓаните тонат во сиромаштија и се повеќе се зголемува бројката на сиромашни во Република Македонија. Токму затоа СДСМ мора да си замине, колку побрзо толку подобро за граѓаните и за државата.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја