Македонија
28. April 2020 - 18:58

Арсовски: СДСМ шири лаги за Мицкоски

СДСМ фаслификаторска да се извини на јавноста што безочно ширеше лаги за Мицкоски

Народот вели образ ѓон. Се потврди дека СДСМ е фалсификаторска партија.

Денес како меур се распрсна лагата креирана од СДСМ фалсификаторска, преку безброј лажните вести изминатиов викенд кои што ги креираа, а во врска со наводното посетување на фитнес центар од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, во време на воведена вонредна состојба.

Институционалната истрага од страна на Министерството за внатрешни работи, преземајќи ги сите протоколи за утврдување на случајот, се потврди дека оваа снимка е од пред повеќе од половина година, и дека се е согласно законот. Значи СДСМ фалсификаторска свесно ги лажела и манипулирала граѓаните. Вклучително и новиот портпарол за лаги и фаслификати во СДСМ, поранешната пратеничка Снежана Калеска Ванчева.

Но, благодарни сме што целата оваа хајка излезе на површина дека СДСМ фалсификува и шири лажни вести.

Затоа, мораме да нотираме неколку точки.

1. СДСМ фалсификаторска директно стои позади монструозното креирање на лажни вести кои имаат за цел да дискредитираат политички противници како во конкретниов случај – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.

2. Бараме, бараме уште веднаш, јавно да се извинат од СДСМ фалсификаторска за ширењето на лажни вести и свесно замајување на јавноста.

3. Јавно прашуваме и бараме да се истражи до крај, кој го следи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ја загрозува неговата безбедност, притоа да се најдат нарачателите на истото следење и нормално, бидејќи слободата на човекот е право загарантирано со Уставот на Република Македонија, бараме истите да одговараат пред институциите соодветно. Бараме кривична одговорност за сите инволвирани во оваа хајка и нарушување на безбедноста.

За крај, многу едноставно можеше да се воочи од каде произлегува оваа конструкција на лажна вест, имајќи во предвид кој беше најгласен околу нејзе.

Со објавените соопштенија и прес конференции, како и со луѓето кои ја ширеа оваа лажна вест преку интернет просторот, очигледно е кој е конструктор на овие лаги и лажни вести кои беа презентирани во медиумите

Како што лажат за ова, лажат за се друго. Затоа, денеска граѓаните видоа кој шири лажни вести, а тоа е штабот на фалсификаторската партија позади мене, партијата СДСМ фалсификаторска.

Извинување и собирање на јавниот срам е најмалку што можат уште веднаш да направат во СДСМ фалсификаторска, но сепак тоа може да го направат луѓе кои имаат срам, а не луѓе во СДСМ кои што немаат срам.

Прашање: Може ли краток коментар во однос прес конференцијата на Коста Петров?

Одговор: Господине Коста Петров, ова не е шоу бизнис на каков што сте навикнати и од каде доаѓате, не е ниту евровизија туку реален живот во кој што жиеват граѓаните на Република Македонија. А, во тој живот, вашиот партиски шеф и вашата влада првите три месеци од годинава украдоа од буџетот 120 милиони евра за корумпирање мислејќи дека ќе има избори и го задолжи секое семејство за дополнителни 15 илјади денари.

Е сега во тој реален живот владее и трас-трас судство и корумпирано обвинителство кое го создаде и состави твојот лидер Зоран Заев.

СДСМ грчевито се бори за противправното земање на пари на рекетарското СЈО и од петни жили се труди рекетарската дружина на чело со Катица Јанева и нивните роднини вработени во администрацијата да земат награди од над 2 милиони евра во услови на корона пандемија.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе преставка пред Уставниот суд и судот не може да донесе никаква поинаква одлука освен да го почитува правото како што налага. И Коста Петров и Зоран Заев треба да знаат дека се повеќе луѓе во државата се охрабруваат и се спротивставуваат на диктатот и лудилото на оваа власт на СДСМ која што за многу брзо ќе биде сменета.