Македонија
26. January 2020 - 14:43

Арсовски: Република Македонија на дното на листата на Транспаренси Интернешнл

Република Македонија на листата на Транспаренси Интернешнл падна на 106-то место и бележи пад за цели 13 места и сето ова е резултат на Зоран Заев и СДСМ.

Зоран Заев ја однесе Република Македонија на дното на листата на Транспаренси Интернешнл и со тоа и официјално Македонија е најкорумпираната држава во регионот и во Европа.

Македонија е во друштво со Монголија, Брегот на Слоновата коска и Египет каде што замислете пред само неколку години во Египет имаше граѓанска војна и за жал Република Македонија најлошо котира и на Балканот, а пред нас се сите останати држави од регионот.

Како што се вели во извештајот оваа година резултатот е во знакот на заробената држава, високото ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работата на јавниот сектор, неефикасноста на контролните и регулаторните тела која исто така е резултат на недоволниот капацитет за нивното работење.

Инаку во превод, ние сме на дното на листата на Транспаренси само затоа што цветаат корупцијата во Владата на Зоран Заев и СДСМ, само затоа што се рекетираат милионски суми од граѓани и бизнисмени, само затоа што се местат тендери во секоја институција и ги добиваат блиски луѓе до СДСМ. Само затоа што власта и Зоран Заев се мешаат во органите на правосудството и затоа што сите институции се водени на лош начин од лошите кадри кои немаат доволно капацитет предложени од Зоран Заев. Но она што е уште поважно е што досега никој не одговарал во изминативе две до три години за криминалот кој што го направил, а е поврзан и близок односно директно инволвиран во власта на Зоран Заев и СДСМ.

Минатата година Република Македонија го делеше 93-тото место заедно со Косово и повторно беше на дното, но она што е оваа година трагично за Република Македонија што и Косово е далеку погоре на листата од Република Македонија и имаат остварено напредок во делот на корупцијата. Само Република Македонија остана на дното и е најкорумпирана држава.

Рекетот на пајташите на СДСМ и алчноста на фамилијата Заеви полека си го земаат данокот од кој што највеќе трпат граѓаните и државата.

Република Македонија е заробена држава и сето тоа е заслуга на Заеви и СДСМ.

Решението е едноставно, Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш повеќе да не се вратат. Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на сите ранг листи од еминентните организации кои што прават извештаи.

Предмет: Интегрален текст од прес конференција за медиуми

Говорник: Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Датум: 26.01.2020

Зоран Заев е виновен за сето ова и нема да дозволиме и ние и граѓаните никогаш повторно да не и се случи на Република Македонија, ова што и се случува сега.

Новинарско прашање: Утринава Спасовски како технички премиер ве повика да не се занимавате со политиканство и да не калкулирате политички и да го донесете Законот за обвинителство односно да дадете поддршка за овој закон кој што е битен за евроинтеграциите и воопшто за сузбивање на корупцијата во државата. Како вие гледате на тоа имајќи предвид дека веќе е закажана и јавна расправа?

Одговор на новинарско прашање: Јас би го повикал Оливер Спасовски и сите во СДСМ да прекинат да ги штитат криминалиите кои што претходниве 2-3 години се правени од страна на власта. ВМРО-ДПМНЕ воопшто не одолговлекува и воопшто нема намера да го одолговлекува овој закон, доколку се донесе и се усогласи да биде во корист на граѓаните и да биде за нивен добробит. Она што изминативе месеци, па и година дена го гледаме од страна на СДСМ е закон каде што сака повторно, сега веќе последните месеци повторно да го воскреснат специјалното јавно обвинителство односно повторно да можат да бидат штитени криминалците од СДСМ. Ние нема да дозволиме амнестија на криминалиите на Зоран Заев и владата на СДСМ кои што се огрешиле пред законот и затоа бараме закон кој што ќе биде неселективен и пред кој што ќе можат да одговараат сите граѓани, а не за некој да биде привилегија, а за некој обратното.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ