Македонија
22. July 2019 - 13:50

Арсовски: Помина цела недела, а никој не знае каде е Катица Јанева

Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот.

Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана.

Според признанијата на обвинителката Русковска, Катица Јанева до сега требаше да биде сослушана и да биде заедно со нејзиниот син во притвор.

Дали Зоран Заев, Оливер Спасовски и Вилма Русковска ја штитат и ја кријат Катица Јанева од органите на прогонот?

Има неколку нелогичности во целиот случај и постапка. Русковска јавно призна дека знаела цели два месеца за разговорот помеѓу Катица Јанева и Боки 13 и што се се разговарало во него, но не преземала ништо по тоа прашање два месеци еве не презема се уште.

Да потенцираме, дека во моментов додека Катица Јанева се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се останато.

Заев, Русковска и Спасовски, свесно и даваат простор и време, на Катица Јанева, но и на нивните блиски Кики и Фрики да се исперат од целиот случај.

Јавноста заслужува одговори.

Зоран Заев треба да си даде оставка веднаш. Бидејќи Зоран Заев го понижи народот и ја уништи Република Македонија.

Зоран Заев е главата на овој криминално-политички октопод кој рекетирал се живо и диво изминативе години под превезот на СЈО.

Затоа, оставка на Зоран Заев и предвремени парламентарни избори се решението на сите проблеми и кризи кои ги направи оваа неспособна криминална Влада на СДСМ и Зоран Заев.

Коментар во врска со изјавите на Зоран Заев во однос на крадењето на историјата:

Македонија и македонскиот народ не се крадци. Единствениот кој краде во моментот е Зоран Заев. И човекот краде на ангро и тоа се гледа во целата јавност. Украдени се милиони за овие две – три години, но потрагично е што човекот им ги украде достоинството, честа и иднината на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува изјавите на Заев дадени за грчките медиуми дека македонскиот народ крадел и присвојувал туѓа историја. Заев е штетник кој не го сака и не го почитува сопствениот народ и сопствената држава. Секогаш кога мислиме дека го допрел дното срамејќи ја сопствената држава тој не демантира и тој покажува дека може да оди и подолу. Време е Заев да си замине и да се стави крај на оваа тригодишна агонија.