Арсовски: Неспособната власт на СДСМ ја зацрни економијата во Република Македонија
Криминогената и неспособна власт на СДСМ ја зацрни економијата во Република Македонија.
СДСМ откако е на власт нема реализирано ниту еден единствен проект. Единствениот и најголем проект им е проектот: Задолжување на граѓаните на Република Македонија.
За жал, во моментов Република Македонија е презадолжена држава и граѓаните тонат во долгови. Откако дојде СДСМ на власт се повеќе се задолжува, а ништо не се реализираат од предвиденото и СДСМ немаат ниту еден единствен проект реализирано.
Откако СДСМ е на власт, а тоа е од 2017 година, долгот пораснал од 4.787.000.000 евра на 5.144.000.000 евра, односно за година ипол долгот пораснал за 357.000.000 евра. Од 357 милиони евра нема ниту еден проект реализирано кој што може да се види.
Прашањето е каде одат сите овие пари? Каде одат овие 357 милиони евра?
Вкупниот јавен долг заклучно со завршетокот на трет квартал за 2018 година изнесува 5.144.400.000 евра – што е 48.2% од БДП.
Од истиот на надворешен јавен долг отпаѓаат 3.512.000.000 евра, додека на внатрешен јавен долг отпаѓаат 1.632.000.000 евра.
Со тоа е надмината психолошката граница од 5 милијарди евра и веќе државата се движи кон 50% долг.
Не само што се движи долгот кон 50%, туку и со ревидираната фискална стратегија за 2019 – 2021 година од Министерството за финансии на Тевдовски јавниот долг во 2020 се очекува да достигне 54.5% од БДП.
Покачување на јавниот долг за 6 и 7% во наредниве 2 години е поразително за Република Македонија, ако се земе предвид дека економијата во Република Македонија е крахирана и исто така ако се земе предвид дека нема никаква реализација на проект. Нема реализирано никаков проект. Реализацијата на капиталните инвестиции е само 1/3 до сега, што е уште потрагично за нашата економија.
Послаба и поочајна економска политика и кадровски капацитет кој ја води државава во моментот на економски план сме немале. Очигледно е дека оваа влада нема капацитет и е неспособна да ја води државата. Што побрзо си замине оваа власт толку подобро за граѓаните.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та