Македонија
21. February 2019 - 16:17

Арсовски: Не може ниту една закана да ја покрие епидемијата од непотизам на власта

Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ. На јавноста сега и е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам.

Речиси да не постои пратеник или висок функционер од власта чиј што близок роднина не е вработен во некоја државна институција, агенција, управа, државно претпријатија или орган кај што не добива плата над просечните примања на граѓаните во Република Македонија.

Почитувани, денес ќе обелодениме две нови имиња на пратенички од СДСМ чии блиски роднини се едни од многуте „заразени“ со епидемијата за непотизам.

Прво, пратеничката Фросина Ременски веројатно лажно ќе морализира, но мора да и признае на јавноста и ја прашуваме еве јавно: Дали Зоран Ременски, со кого е во кумовски и во роднински врски, е вработен во ЕЛЕМ? Кои се критериумите, доколку е тоа така, според кои лицето Зоран Ременски, кум и внук на Фросина и на Јовче Ременски, се вработил во оваа државна фирма?

Вториот случај кој ќе го обелодениме денес е „Дизел вработувањето“ кое го добил и братот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Митева Шуманска. Имено, братот на пратеничката, Никола Шумански е вработен како царински службеник во Штип на 01 февруари 2019 година, веднаш после гласањето на уставните измени, пред само 20 дена.

Ова е доказ дека во СДСМ не владее морал. Единствено морално е да си ги вработат пратениците и функционерите своите роднини. Тие се оперирале од морал во моментот кога ги вработувале блиските роднини на нивните функционери. Јавноста ја охрабруваме да продолжи секојдневно да не информира и да истражува за ваквите случаи, какошто и тоа го прави бидејќи очајно го навлегоа гневот на граѓаните. Сите граѓани ги плаќаат овие партиски роднини преку буџетските пари прибавени или од зголемени даноци или од бруталното задолжување коешто го прави СДСМ.

Оваа криминална врхушка е олицетворение на непотизам и верувајте дека тоа ќе заврши единствено со губење на изборите и со нивното заминување од власт.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ