Македонија
28. јуни 2021 - 13:01

Арсовски: Над 59 милиони евра ќе се земат од граѓаните преку покачувањето на горивата

СДСМ и оваа влада на СДСМ предводена од Зоран Заев економски ја втурна во колапс Република Македонија. Задолжувања, даноци, камати, криминални тендери, покачување на основни потреби за живот, сето ова го наметна владата на СДСМ и на Зоран Заев кон граѓаните.

Пати државата, патат и граѓаните и сето тоа заради неспособноста и заради криминалот на СДСМ и на Зоран Заев.

4.13 денари е најновото покачување по литар гориво, а од доаѓањето на власт на СДСМ и Заев, до сега покачувањето за литар гориво е цели 14 денари. Цели 14 денари по литар се давачки кои се арач на државата што го зема Заев и потоа тие пари преку криминални тендери завршуваат во џебовите на СДСМ и на функционерите околу Заев, но и самиот Зоран Заев.

На просечно семејство изминативе 4 години му се зголемиле давачките во просек месечно за гориво за еден автомобил за над 600 денари.

Над 50 милиони евра годишно власта на СДСМ ќе земе од граѓаните преку покачувањето на горивата, а тие 50 милиони евра како што знаете ќе завршат во џебовите на СДСМ преку криминални тендери, како што впрочем е праксата на СДСМ и на Зоран Заев  до сега.

Да потенцираме, додека граѓаните ги пљачка оваа власт, СДСМ и Заев ја задолжија државата и граѓаните над 7 милијарди евра, од кои 2.4 милијарди евра нов долг, само во време на СДСМ и Заев изминативе 4 години.

Ова е најголемото историско покачување на јавен долг на една Влада, ова е најголемото историско задолжување од страна на една криминална влада додека пак капиталните инвестиции кои што треба да се во најголем број, тие се спротивни и се огромна нула.

Почитувани,

Доста е. Доста СДСМ, Зоран Заев и сите останати ја ограбуваат државата, мора да се стави крај на сето ова. Повторно ќе потенцираме пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен демократски начин и алатка која што ја има на располагање ќе се обиде и ќе го блокира ова покачување ново од 4.13 денари за литар гориво.

 

Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ