Македонија
24. July 2019 - 13:24

Арсовски: Јанева призна дека уште многу други луѓе уценувале и рекетирале повикувајќи се на нејзиното име

Катица Јанева вчера даде изјава со која обзнани дека многу други луѓе уценувале и знаела за тоа ама не пријавила.

Катица Јанева призна дека освен двајцата осомничени кои што се приведени уште многу други луѓе уценувале и рекетирале повикувајќи се на нејзиното име односно повикувајќи се на СЈО.

Прашањата на кои што мора да одговори уште веднаш не само таа туку и СДСМ се следните:

Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО?

Зошто Катица Јанева цело време знаела дека и други луѓе освен Боки 13 рекетираат во нејзино име, но целиот тој период не пријавувала? Дали можеби се офајдила од она што го добивале за возрат?

Дали Катица Јанева призна практично дека дел од тие луѓе односно други луѓе кои што рекетирале се и Кики и Фрики кои што се од врвот на раководството на СДСМ и исто така рекетирале во нејзино име?

Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13?

Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе што рекетирале и дали можеби и за нив има постапка?

Катица Јанева го претвори СЈО во рекетарски бизнис но нормално со поддршка на Зоран Заев и на СДСМ.

Рекетот потекнува директно од СДСМ и Катица Јанева ги кријат сите овие луѓе само за да не се дознае вистината за рекетарите од врвот на СДСМ.

Зоран Заев и Катица Јанева ја направија најголемата рекетарска шема каде што изрекетирале десетици милиони евра под превезот на СЈО.

Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид за рекет на Бојан 13-ка кој што можеби е само еден од пипците на октоподот на чие чело стои Зоран Заев.

Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу други имиња кои Катица Јанева треба да ги каже во обвинителството и сите заедно да одговараат заедно со нејзе и со Зоран Заев односно со поддршката од СДСМ.

Прашање: Дали го добивте во последната верзија Законот за обвинителство што излезе од Влада и ако може некои посодржински забелешки? Што од предлогот кој вие го најавувавте во предлог закон за Јавно обвинителство?

Одговор: Во однос на забелешките на постојниот Закон за Јавно обвинителство којшто го предложи Зоран Заев, односно власта што го предложи до Собранието, од моите информации од внатре од Собранието се уште не е стигнат во Собранието предлог текстот. Но во однос на забелешките се уште се вршат анализи, така да во најкус можен рок во некој од следните денови ќе излеземе детално со забелешките на нивниот. Во меѓувреме фокусирани сме на финиширање на нашиот и ќе излеземе со конкретни предлози во однос на нашиот, а во делот за одбивањето на Вилма Русковска тоа е веќе добро познато и која е причинита и нејзината поврзаност со власта, така да очекувајте во некој од следниве денови да излеземе со конечни забелешки и конечни предлози.

Прашање: Кога вие ќе имате ваш предлог и овој владиниот, ќе го поднесете и вашиот во Собрание или ќе одите преку амандмани?

Одговор: Ќе почекаме да се завршат анализите, да ги видиме сите забелешки односно колку е спротивен нивниот предлог со нашиот, па потоа ќе излеземе и ќе ги кажеме нашите конкретни постапки во однос на донесување на законот.

Прашање: Доколку ве повикаат на консултации во рамки на Собранието, во рамки на пратеничките групи дали ќе прифатите основа да биде овој закон?

Одговор: Видете, како што реков да не прејудицираме однапред кој закон би бил основа за носење на законот за Специјално обвинителство, веќе неколку пати имаме кажано дека овој закон кој што го поднесува Зоран Заев веруваме дека не е со искрени намери. Туку можеби е закон кој што ќе сака на некој начин да се амнестираат тие како влада. Така да почекаме сепак уште ден, два да завршиме со анализите и веднаш потоа ќе ги знаеме сите чекори следни кои што ќе ни следат за носење на законот.