Арсовски: Институциите ги превзедоа сите редовни и вонредни мерки за бегството на Сашо Мијалков
Портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска уште еднаш го повтори ставот на Владата во врска со случајот со Сашо Мијалков, дека институциите ги превзеле сите редовни и вонредни мерски за неговото бегство и оти тој веќе е во домашен притвор. Потенцираше дека Владата нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот.
-Институциите ги превзедоа сите редовни и вонредни мерки за бегството на Сашо Мијалков. Тој се пријави во обвинителството и обезбеден е неговиот домашен притвор. Координацијата на сите институции со сите активности што се презедоа во изминатите два дена дадоа резултат. Владата потврди дека нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот. Правдата е обезбедена. Тоа е најважно и премиерот Зоран Заев синоќа ги објасни деталите од овој случај, рече Арсовски.
Тој не одговори на прашањето дали Владата има информации каде бил Мијалков, туку само додаде дека во моментот кога ќе имаат нови информации ќе ги објават.
-Во момент кога ќе имаме нови информации ќе ги споделиме со јавноста.
Арсовски исто така не сакаше да ги коментира пишувањата на социјалните мрежи за настанот со Мијалков.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација