Арсовски: Финското министерство потврди дека Царовска шири лажни вести
Зоран Заев и Мила Царовска шират лажни вести. Шират зараза од лажни вести. Министерството за образование на Финска ги демантираше лагите на Царовска дека укинувањето на историјата како предмет е по Финскиот образовен модел.
Во Финска историјата е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основа на новата наставна програма во Финска знаењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени, стои во одговорот на министерството за образование на Финска испратен до Македонско– Финско здружение во која ја демантираат Царовска за она кое што го изнесе на прес конференција.
Во Финска историјата и општествените науки се изучуваат како посебни предмети, а не заедно. Значи, македонската министерка не ја зборува вистината, се вели во одговорот на министерството за образование на Финска испратено до здружението.
Царовска е фатена во класична лага и манипулација врз граѓаните.
Со цел по секоја цена да успеат да ја укинат историјата како предмет Царовска се обиде да го злоупотреби финскиот образовен модел, кој е најдобар во светот, во надеж дека ќе ги излаже и изманипулира граѓаните.
Лагите на Царовска не поминаа. Фејкњузот кој што го креираат Царовска и СДСМ не помина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација