Македонија
15. April 2021 - 12:21

Арсовски: Една недела молк од институциите за вмешаноста на нарко картелот Заеви со трафикингот на марихуана

Цела недела молк од институциите за вмешаноста на нарко картелот Заеви во нарко трафикингот на марихуана, кој беше спречен и пресечен од американската агенција ДЕА.
Цела недела молк и од Оливер Спасовски за неговите потрчковци началници и командири на полициски станици и сеуште не поднесува никаква одговорност за дејствувањето на истите.

Кире Чипсио Спиркоски, близок човек на Оливер Спасовски и Зоран Заев, командир на полициската станица Прилеп, која е една од најголемите во градот, редовно на слики до Заев и Спасовски, беше уапсен заедно со возачот на Трајче Заев за над 800.000 евра марихуана, а Трајче Заев и Бобан Заев отидени во Дубаи, а Оливер Спасовски повторно не понесува никаква одговорност.
Оставка е единственото нешто што може да го направи за почеток, затоа што во нарко трафикинг му е вмешан командир на една од поголемите полициски станици во Република Македонија.
Срамота е Оливер Спасовски да излегува на јавни настапи и да говори недоветни и нереални работи, бидејќи сите знаат што се случува во државата, а да не говори за најважното во моментов, а тоа е кога ќе си поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи. Бидејќи е заглавен во криминал до гуша и повеќе таму не му е место.
Ако ги погледнеме командирите и началниците низ градовите кои ги поставил Оливер Спасовски, на чело со Кире Чипсио Спиркоски кој го уапсија, па да продолжиме со велешките командири и началници, па битолските, струмичките, кумановските, штипските, повеќе од јасно е зошто ги штити Оливер Спасовски и Зоран Заев. Овие луѓе им е допуштено да прават што сакаат во нивните места, затоа што ова е партиската војска на СДСМ која во време на изборните процеси малтретираат, поткупуваат и местат изборни резултати. И ова е јавна тајна.
Ова се луѓето кои поважно му е на Оливер Спасовски да прават нелегални дејствија, наместо да се борат против криминалот и криминалците. Всушност не само што не се борат, туку сите од врвот на СДСМ, па до најниските структури се вмешани во криминал до гуша.