Македонија
25. October 2016 - 8:52

Арсовска-Томовска на средба со учесниците на „Microsoft Office Specialist“

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска ќе се обрати на настанот на кој ќе бидат сублимирани позитивните резултати од првиот Национален натпревар  „Microsoft Office Specialist“, во организација на Certiadria.

Победникот од овој натпревар ја претставуваше Македонија на Светското финале на „Microsoft Office Specialist“ што се одржа во Орландо, САД, при што го освои деветтото место.