Арсовска: Скопјани да добијат пред се човек за градоначалник кој што ќе го води градот без политика
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска во врска со коментарите во јавноста дека иако е независен кандидат е директно поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а се плаши да го облече дресот на партијата, за Сител изјави дека не се плаши од никој и ништо.
-Искрено јас да ви кажам јас немам страв од ништо и од никого и доколку би имало такво нешто гордо би си го носела својот дрес како што гордо го носам дресот на Македонија. Поддршката која што ја имам пред се е од скопјани. Јас сум само еден од два кандидати кои што успеале да соберат потписи за своја независна кандидатура, истакна Арсовска.
Арсовска потенцираше дека ги повикала сите скопјани да ја поддржат како што ја поддржале и политичките партии, не само ВМРО-ДПМНЕ туку и коалицијата од 20 помали политички антитети, Алијанса, Алтернатива како и многу здруженија на граѓани.
-Јас сум им благодарна на сите и верувам дека со нивната широка поддршка скопјани ќе успеат да добијат пред се човек за градоначалник и некој кој што ќе го води градот без политика, рече Арсовска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација