Македонија
24. November 2022 - 17:37

Арсовска обвинува за милионски криминал, „Слобода превоз“ тврди дека не продаваат билети

Приватните превозници во последниве пет години не пријавиле ниту еден продаден билет- градоначалничката на град Скопје ги обвини дека затајувале данок, продавале билети, а не ги пријавувале парите. Најави покренуванје на соодветни постапки против приватните превозници кои си ги ставале парите од продадените билети како што вели во свој џеб.

Директорот на Слобода превоз пак и порача на Арсовска да најде еден патник кој купил билет во приватен автобус во последниве 6 години. Вели Арсовска требало да се информира дека во приватните автобуси не се проаваат билети откако е воведен новиот систем, па потоа да шири лажни обвинувања. Фискалните принтери во автобусите се неисправни и затоа не ги употребуваат и не наплаќаат билети. Поради обвинувањата на Арсовска дека се криминалци, првиот човек на СЛобода превоз вели дека можно е да се докажуваат и на суд.

Арсовска проблемот со приватните превозници ќе го решава преки јавен повик. Превозниците ќе може да се пријават и да си ги возат линиите, но ЈСП дирекно да им ги исплаќа парите, а не преку Слобода превоз и Макекспрес.

Од Слобода превоз велат дека овој начин не е спорен, а одлуката ќе биде на приватните превозници.