Арсовска: Континуитетот на мерките за државна помош e тоа што најмногу им треба на компаниите
Континуитет на државната помош најмногу им треба на компаниите, истакна денеска претседателката на Сојузот на стопански комори во интервју во Дневникот на Сител Телевизија.
-Мерките мора да продолжат сѐ до оној момент додека трае оваа економска криза во Македонија. Затоа е многу важно да се има овој континуитет, пред сѐ, за да се влее сигурност и стабилност кај претпријатијата. Да им се овозможи сите загуби што ги имаат да можат да генерираат барем некаков минимален доход за да можат да ги покријат и да можеме по завршувањето на економската криза да почнеме со опоравување на претпријата за да можеме да постигнеме соодветен раст, рече Арсовска.
Вели дека членството на ССК побарало да продолжи неповратната финанска помош, но и повластените кредити.
Според неа, мерките мора да бидат насочени кон малите и средните компании бидејќи тие се најмногубројни во Македонија.
Вели дека степенот на помош од претходните мерки зависел од самите потреби на компаниите.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда