Македонија
4. October 2021 - 13:09

Арсовска: Ќе поднесам изјава до Антокорупциска дека нема да има промена на мојата имотна состојба

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека доколку биде избрана, ќе депонира изјава до Антикорупциската комисија дека нема да има промена на нејзината имотна состојба и на нејзиното семејство во сите четири години од мандатот.

–  Во изјавата до Антикорупциска комисија ќе стои дека мојата имотна состојба и на моето поблиско семејство нема да се менува во сите четири години од мандатот. Ги повикувам сите други кандидати да се обврзат дека ќе го сторат истото. Само со вакви заложби ќе се избориме против корупцијата, истакна Арсовска на прес-конференција.