Македонија
27. October 2021 - 13:47

Арсовска: Јас не ги терав да дадат изјави дека ако го изгубат Скопје ќе дадат оставки

Ќе ги преземам сите мерки за да се заштитам од овие лажомани. Од прв до последен. Ќе се консултирам со најдобриот правен тим, со сите луѓе кои можат да излезат во пресрет да се заштитам во оваа кампања, а за три дена Скопје ќе има нов градоначалник. Скопјани, ве молам немојте да се плашите. Бидете силни, храбри, ова што се случува веќе во понеделник ќе биде минато”, е коментарот на Данела Арсовска за последните напади кон неа. 

“Тие за овие лаги ќе одговараат. Јас ви кажувам дека за сите овие работи, овие луѓе ќе одговараат. Почнувајќи од лагите за моите родители, мојот татко, мајка, дете и сопруг. Секој човек кој има во својот живот некој близок, роднина, родител, дали сака вака да му го напаѓаат како што ме нападнаа мене. Напад од луѓе кои до вчера немаа никаква друга забелешка кон мене, ниту лично, ниту професионално, зошто го вадат сето ова сега? Сите овие работи, пред самата завршница. Затоа што се плашат дека ќе ги изгубат своите фотелји. Не ги терав јас да кажат дека ќе дадат оставка и ќе ја напуштат Владата ако го изгубат Скопје, а ќе го изгубат затоа што јас сум подобар човек. Треба да им кажат на скопјани зошто не ги реализираат ветените проекти од изминатите 4 години. Од 2017 до 2021 година, овој актуелен градоначалник не реализираше ниту 5% од сопствената програма. И нормално е дека тој човек секој ден ќе ме напаѓа, ќе уценува, ќе гребе за да ја задржи својата функција што не ја заслужил, а јас ќе ја заслужам”, дополни Арсовска.