Арсовска: Дојде време премиер да се плаши од жена, очекувам во понеделник да си поднесе оставка, јас не се повлекувам
Кога дојде до таму премиер да се плаши од жена, тогаш нека си размисли тој убаво и по понеделник нека си ја поднесе оставката. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање.
- Планирам се да докажам од прво до последно за она што го кажаа, затоа што, оваа кампања од денот кога кажав дека овие луѓе ќе имаат одговорност, почнаа да ме напаѓаат. Претходно каде беа овие напади? Јас живеам во градот Скопје 42 години. Скопјанка сум, Македонка сум. Живеам тука 42 години со своето семејство, со својот сопруг и со својот син. Направив многу, можам многу и овој којшто напаѓа денеска, во понеделник очекувам дека ќе си ја поднесе својата оставка а јас денес кажувам дека не се повлекувам, кажа Данела Арсовска.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење